По настаните во текот на сезоната на земја, се поставуваат многу непријатни прашања за Новак Ѓоковиќ, пред Ролан Гарос. Тој брзо се повлече од мастерсот во Рим без да наведе некаква причина, а пред тоа загуби на почетокот од Монте Карло и од Мадрид.
Сè уште е без победа на земјена подлога, а Париз е сè поблиску, тоа е нешто што загрижува многумина, вклучувајќи го и Алекс Антониќ, поранешниот „број 40“ на АТП-листата.
- Играчите го загубија стравот од него, повеќе не се плашат од него. Воопшто не сум сигурен дека ќе игра на Ролан Гарос. Она што непријатно ме изненади не беше тоа што ги загуби претходните натпревари туку како ги загуби. Ми се чинеше дека се помири со поразот. Табиљо и Арналди се одлични тенисери, но митот што беше создаден околу Ѓоковиќ е разбиен. Од друга страна, не смееме да заборавиме дека играше во финалето во Мајами. Тој беше и во полуфиналето на Австралија опен, каде што мораше да се предаде – истакнува Австриецот во својата анализа.
Антониќ верува дека знае што треба да направи Новак пред Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај, а тоа е да игра во Хамбург или во Женева.
- Тој мора да игра еден турнир пред Ролан Гарос, но, за мене, неговото играње во Париз е сè уште под огромен прашалник – рече поранешниот тенисер.