понеделник, октомври 26, 2026
Дома СПОРТ Мораме да ја обновиме возачката дозвола

Мораме да ја обновиме возачката дозвола

1214
epa12148297 Head coach Luis Enrique of PSG celebrates after winning the UEFA Champions League final between Paris Saint-Germain and Internazionale Milano, in Munich, Germany 31 May 2025. EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Тренерот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Луис Енрике, на интересен начин ја најави борбата за одбрана на титулата во Лигата на шампиони.

„Минатото е минато и не ме интересира. Мораме да ја обновиме возачката дозвола. Но, мора да бидеме внимателни, сите се мотивирани и подготвени се за борба со нас. Тоа е нешто што мора да го прифатиме и да излеземе од комфорната зона. Подготвен сум да го контролирам, да го подобрам тимот и да им покажам на навивачите дека можеме да бидеме поинакви секој ден“, изјави шпанскиот стручњак.

 

 

ИЗДВОЕНИ