четврток, септември 10, 2026
Дома СВЕТ Најмалку пет лица загинаа, а 67 се повредени во руски напад врз...

Најмалку пет лица загинаа, а 67 се повредени во руски напад врз Павловград, предизвикан пожар во трговски центар/видео

23
Фото:принтскрин, видео „Икс“

Бројот на загинати во рускиот напад со беспилотни летала врз Павлоград, во регионот Днипропетровск во источна Украина, се искачи на петмина, додека 67 лица се повредени, соопшти Олександр Ханжа, шеф на регионалната воена управа.

Тој претходно изјави дека во нападот загинале најмалку четири лица, а повеќе од 60 биле повредени, пренесе „Укринформ“.

Ханжа на „Телеграм“ објави дека повредените се пренесени во болници, каде што ја добиваат потребната медицинска помош, пренесе „Танјуг“.

Олег Григоров, функционер од регионот Суми, објави на „Телеграм“ дека напад со дрон предизвикал пожар во трговски центар, споделувајќи фотографии на кои се гледа тешко оштетената зграда.

Меѓу повредените има четворица тинејџери, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека пет лица загинале, а 24 се повредени низ регионот, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата „Укринформ“ објави дека еден маж загинал, а една жена е повредена во напад со дрон врз нивниот дом во градот Шостка, во регионот Суми.

Нападите со дронови продолжија и во регионот на Киев, каде што беа повредени најмалку три лица и оштетени повеќе од 30 објекти, вклучително и 26 приватни куќи.

Изјум беше погоден со авионска бомба; две лица се повредени, а оштетени се неколку згради, соопшти локалната воена управа.

Пет лица се повредени и во нападите во текот на ноќта врз Криви Рих, изјави Олександр Ханжа, шеф на воената управа на регионот Днипропетровск, напоменувајќи дека еден од повредените мажи е во критична состојба.

ИЗДВОЕНИ