Македонскиот народен театар, на 7 октомври, со почеток во 19:00 часот, ќе биде домаќин на „Од другата страна“ – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото „Поетроника“.
Новите софистицирани звучни таписерии на „Поетроника“ се создадени во соработка со врвни музички уметници од различни жанровски определби: Никола Коџабашија – клавијатури и синтисајзери, Нинослав Спировски – кларинет и саксофон и Надежда Рубен – придружни вокали.
Промоцијата ќе се одржи во живо, на реновираната тераса на вториот кат на Македонскиот народен театар, која со овој настан повторно се отвора како простор за музички и за уметнички содржини.
Влезот е бесплатен.












