четврток, септември 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА НАШЛЕ ТУЃИ КАРТИЧКИ, ПА СЕ ДАЛЕ ВО ТРОШЕЊЕ: 70-годишен кавадарчанец и младич...

НАШЛЕ ТУЃИ КАРТИЧКИ, ПА СЕ ДАЛЕ ВО ТРОШЕЊЕ: 70-годишен кавадарчанец и младич од Неготинско заработија кривични пријави!

22

Полицијата поднесе две кривични пријави против лица од Кавадарци и Неготинско кои, наместо да ги вратат, ги искористиле пронајдените туѓи платежни картички за сопствени трошоци. За двајцата постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

Во првиот случај, ОВР Кавадарци поднесе пријава против 70-годишниот Р.Н. од Кавадарци. Тој пронашол туѓ паричник и на 5 август без дозвола од сопственикот во четири наврати ја употребил платежната картичка, со што се стекнал со противправна имотна корист од 3.729 денари.

Вториот случај го вклучува 27-годишниот А.Т. од Неготинско, кој на 7 септември пронашол дебитна банкарска картичка. Без согласност од сопственикот, тој реализирал три успешни трансакции и направил материјална штета од 3.645 денари.

ИЗДВОЕНИ