четврток, септември 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ревијален настан „Безбедно на мотор“ на плоштадот во Куманово 

Ревијален настан „Безбедно на мотор“ на плоштадот во Куманово 

13

Утре, со почеток во 19:00 часот, ќе се организира ревијално возење мотоцикли, четирицикли и слични возила по улиците на Куманово. Овој настан е во организација на Отсекот за превенција – СВР Куманово и на Општински совет за превенција на детското престапништво при Општина Куманово, заедно со спортското здружение на мотоциклисти – Мотоклуб „Мечки“ од Куманово.

– Сите заинтересирани лица што сакаат да возат со моторџиите, може да присуствуваат во предвидениот термин на кумановскиот Градски плоштад, каде што е зборното место за старт на настанот. Потоа ќе следува ревијално возење по најфреквентните улици во градот, враќање на Градскиот плоштад, по што ќе следува видеопрезентација: „Безбедно на мотор – носи кацига!“, на видеобим – соопштуваат од Општина Куманово.

Истовремено ќе бидат поделени промотивни и едукативни летоци за учесниците на ревијалниот настан, со цел да се истакне во јавноста и да се привлече внимание кај граѓаните од сите возрасти како треба да изгледа заштитната опрема, неопходноста од носење заштитна кацига, која значи „живот“ за моторџиите.

Од Општина Куманово ги повикуваат сите љубители на мотоциклизмот на заедничко дружење, забава и едукација на Градскиот плоштад.

 

 

ИЗДВОЕНИ