петок, септември 25, 2026
Дома СВЕТ Украина удри по руската нафтена и воена инфраструктура во Перм, Ростов и...

Украина удри по руската нафтена и воена инфраструктура во Перм, Ростов и Улјановск

35
EPA/MAXYM MARUSENKO

Украинската војска изврши напади врз руските рафинерии за нафта во Перм и Новошахтинск, како и врз објект на одбранбената индустрија во Улјановск, соопшти денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Опишувајќи ја акцијата како одговор на „бруталните руски напади“, Зеленски на Фејсбук објави дека синоќа биле погодени две рафинерии за нафта со употреба на оружје со голем дострел, пренесува „Укринформ“.

Според него, Русија изгубила и две радарски станици во регионот Ростов.

Податоците од Генералштабот на Украина укажуваат дека цел на нападите биле рафинериите за нафта „Лукоил-Пермнефтеоргсинтез“ и „Новошахтинск“.

Рафинеријата во Перм има проценет годишен капацитет за преработка од 13 милиони тони сурова нафта. Таа произведува гориво и други нафтени деривати и ги снабдува руските вооружени сили со гориво и мазива.

Рафинеријата во регионот Ростов има проценет годишен капацитет за преработка од 7,5 милиони тони сурова нафта; таа се смета за еден од главните снабдувачи со нафтени деривати во јужна Русија и ги снабдува руските вооружени сили.

ИЗДВОЕНИ