среда, септември 9, 2026
Дома СВЕТ Напад врз едно од клучните руски пристаништа: Четири лица загинаа, меѓу кои...

Напад врз едно од клучните руски пристаништа: Четири лица загинаа, меѓу кои и дете

1
EPA/MAXYM MARUSENKO

Четири лица загинаа, а 29 се повредени во напад со украински дрон врз рускиот град Новоросијск, изјави гувернерот на Краснодарскиот крај, Венијамин Кондратиев. Меѓу загинатите е и едно дете.

Новоросијск е едно од клучните пристаништа за извоз на нафта и жито во Русија, пренесува Ројтерс.

Градоначалникот на Новоросијск, Андреј Кравченко, изјави дека делови од соборените дронови паднале врз просториите на неколку компании, како и во близина на станбена зграда. Регионалните власти соопштија дека по нападот избувнале неколку пожари.

Штети се пријавени и во Анапа, друг град во Краснодарскиот крај, каде што остатоците од дроновите оштетиле три приватни куќи и една градинка.

Гувернерот Кондратиев потврди дека нема повредени во Анапа.

ИЗДВОЕНИ