
Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Арсенал, планира во текот на летниот преоден рок да ѝ стави крај на соработката со најмалку петмина фудбалери. Британските медиуми тврдат дека излезната врата од „Емирати“ ќе им биде покажана на Мајлс Левис-Скели и на Итан Нванери, кои моментално настапуваат како позајмени во Марсеј, како и на Габриел Мартинели, Габриел Жезус и на Бен Вајт.











