четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Најмалку 200 рудари загинаа во уривање на рудник за колтан во Конго

Најмалку 200 рудари загинаа во уривање на рудник за колтан во Конго

53

Најмалку 200 луѓе загинаа во уривање на рудник за колтан во источен Конго, објави тамошното Министерство за рударство.

Вооружената бунтовничка група М23, која ја зазеде областа во мај 2024 година и сега ги контролира рудниците Рубаја, го оспорува бројот, велејќи дека немало лизгање на земјиштето, но дека рудникот бил бомбардиран и дека пет лица биле убиени. Но, рударот Ибрахим Талусеке рече дека учествувал во извлекувањето на најмалку 200 тела и дека се исплашени бидејќи нивните животи се во опасност и дека сопствениците на јамите не сакаат да го објават вистинскиот број.

Градот Рубаја се наоѓа во центарот на источен Конго, дел богат со минерали, кој со децении е погоден од насилство меѓу владините сили и разни вооружени групи, вклучувајќи ја и М23, поддржана од Руанда.

Конго е главен снабдувач на колтан, црна руда што содржи редок метал тантал, клучна состојка во производството на мобилни телефони, компјутери и авионски мотори.

ИЗДВОЕНИ