вторник, февруари 10, 2026
Дома СВЕТ Најмалку 12 повредени во пукање во бар во Торонто, осомничениот е во...

Најмалку 12 повредени во пукање во бар во Торонто, осомничениот е во бегство

194

Најмалку 12 лица се повредени во пукање во бар во Торонто, Канада, соопшти вечерва полицијата, додавајќи дека осомничениот напаѓач е во бегство.

Сите повредени се пренесени во болница, четворица се со телесни повреди кои не се опасни по живот, додека на другите не се знае тежината на повредите, напиша полицијата на социјалната мрежа Х.


Полицијата се уште не ги објаснила околностите на овој вооружен напад, кој се случил во источниот дел на Торонто, најголемиот град во Канада.

Градоначалничката на Торонто, Оливија Чоу, изрази загриженост на X Network и додаде дека началникот на полицијата и рекол дека се искористени сите потребни ресурси.

ИЗДВОЕНИ