Најдолгата конклава во историјата на избор на врховен поглавар на Римокатоличката црква се одржала во 13 век и траела речиси три години или 1.006 дена.
Тогаш беше избран наследникот на папата Климент IV, Григориј X, а тајното гласање за избор на папа траеше од ноември 1268 до септември 1271 година во градот Витербо во централна Италија, пренесе АП.
Во 1274 година, Григориј X издал декрет врз основа на кој кардиналите добивале само еден оброк дневно доколку конклавата била продолжена повеќе од три дена, а само леб, вода и вино ако трае подолго од осум дена.