Цената на суровата нафта од типот Брент денес падна под 100 долари за барел, додека европските индекси пораснаа по веста за разговорите меѓу САД и Иран што би можеле да ја завршат војната на Блискиот Исток.
Според податоците на берзата, цените на суровата нафта паднаа за 6,02 проценти на 86,775 долари за барел во 9:30 часот наутро, а цената на суровата нафта од типот Брент падна за 5,82 проценти на 97,728 долари.
„Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на двајца неименувани американски претставници, објави дека САД му испратиле на Иран предлог од 15 точки насочен кон прекин на конфликтот.
Пакистан тврди дека Иран го добил американскиот план од 15 точки












