Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, две години откако ја заврши професионалната кариера. Шпaанецот во ноември ќе одигра неколку ревијални натпревари по повод десетгодишнината од основањето на неговата тениска академија.
Настапите ќе се одржат во академијата на Надал во неговиот роден град Менакор. Од академијата најавија дека 40-годишниот Надал ќе игра против некои од најголемите имиња во тенисот, но имињата на неговите противници ќе бидат објавени во наредните денови. Надал се повлече од професионалниот тенис во ноември 2024 година. Во богатата кариера освои 92 АТП турнири, од кои 22 се гренд слем-титули.
Неговата академија во Менакор располага со голем спортски комплекс со 23 терени со тврда подлога, 20 земјени терени, 12 терени за падел и два терена за сквош.












