петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Над половина милион патници ќе бидат погодени од штрајкот на германските аеродроми

Над половина милион патници ќе бидат погодени од штрајкот на германските аеродроми

76

Повеќе од половина милион патници се очекува да бидат погодени од 24-часовниот штрајк на германските аеродроми, што ќе предизвика откажување на илјадници летови. Протестот го најави синдикатот Верди како дел од преговорите за нов колективен договор.

Здружението на германски аеродромски оператори (ADV) проценува дека прекините ќе погодат околу 510.000 луѓе и над 3.400 летови ќе бидат откажани. Штрајкот ги опфаќа речиси сите главни аеродроми во земјата, вклучувајќи ги и клучните транспортни центри како што се аеродромите во Франкфурт, Минхен и Берлин. Аеродромот во Хамбург пред два дена неочекувано стапи во штрајк, ден порано од планираното. Други аеродроми каде што се очекуваат проблеми во сообраќајот се Штутгарт, Келн/Бон, Дизелдорф, Дортмунд, Бремен, Хамбург, Лајпциг-Хале.

„Ферди“ со месеци преговара за нов колективен договор за работа со барања за подобрување на безбедноста и здрава средина на работното место, повеќе денови за одмор, зголемување на годишниот бонус и до 50 проценти..

ИЗДВОЕНИ