Владата на денешната седница ќе продолжи мерката за дизелот која предвидува намалување на ДДВ-то за ова гориво од 18% на 10% и намалување на акцизата за 4 денари по литар, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Намалениот ДДВ претходно беше продолжен до 20 октомври 2026 година.
– Разговаравме со трговците за добивање на дополнителен попуст. Мислам дека сме блиску до постигнување на договор да имаме дополнителни 2 денари попуст по литар барем кај дизелот – истакна Мицкоски.












