четврток, ноември 5, 2026
Дома СКОПСКА Почна садењето на 3.500 садници низ Скопје

Почна садењето на 3.500 садници низ Скопје

1

Град Скопје почна со голема акција за садење 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење, ќе бидат насадени вкупно 6.000 нови садници.

– Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка во летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и за дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат – изјави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека Скопје се сака со дела и оти посветено се работи за зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети.

ИЗДВОЕНИ