четврток, ноември 5, 2026
Дома СВЕТ Полицијата ја истражува смртта на заменик-премиерот на Баварија, кој е пронајден мртов...

Полицијата ја истражува смртта на заменик-премиерот на Баварија, кој е пронајден мртов во хотел во Берлин

1

Берлинската полиција ја истражува ненадејната смрт на заменик-премиерот на Баварија, Хуберт Ајвангер (55), чие тело беше пронајдено во средата вечерта во хотелска соба во германската престолнина, објавија денеска германските медиуми.

„Целта на истрагата е да се утврди точната причина за смртта и околностите поврзани со неа, како и да се исклучи вмешаноста на трето лице“, се наведува во заедничкото соопштение на берлинската полиција и јавното обвинителство.

Не се откриени дополнителни детали за случајот.

Баварскиот премиер Маркус Зедер ја опиша ненадејната смрт на Ајвангер како страшна трагедија, додавајќи дека сите се длабоко потресени.

Ајвангер, исто така, ја извршуваше функцијата министер за економски прашања на Баварија и беше лидер на партијата „Слободни гласачи“ (Freie Wähler). Тој престојувал во Берлин по повод отворањето на канцеларијата на неговата партија во германската престолнина, но не присуствувал на настанот бидејќи не се чувствувал добро, објави весникот „Билд“.

Од 2018 година, партијата „Слободни гласачи“ е дел од коалициската влада во Баварија, заедно со конзервативната Христијанско-социјална унија (ЦСУ).

ИЗДВОЕНИ