Началникот на Генералштабот на Иран со повик: Наскоро ќе има казнени операции, евакуирајте ги Тел Авив и Хаифа

182
epa12177647 Light trails in the sky as the Iron Dome, the Israeli air defense system, intercepts missiles fired from Iran, over Tel Aviv, Israel, 15 June 2025. Israel and Iran have been exchanging fire since Israel attacked on 13 June 2025 as part of operation 'Rising Lion'. EPA-EFE/ATEF SAFADI

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави, ги повика жителите на големите израелски градови Хаифа и Тел Авив да се евакуираат вечерва, предупредувајќи за непосредни „казнени“ напади.

„Казнени операции ќе бидат спроведени наскоро“, рече Мусави во видео изјава емитувана од државната телевизија на петтиот ден од конфликтот инициран од Израел, објави „АФП“, пренесува „Бета“.

Мусави додаде дека серијата ракетни и беспилотни напади биле извршени за цели на одвраќање.

„Жителите на окупираните територии (на Израел), особено на Тел Авив и на Хаифа, се силно повикани да ги напуштат тие области за сопствена безбедност“, рече Мусави.

По децении непријателство и тајно војување, Израел започна напад врз Иран во петокот, тврдејќи дека неговите нуклеарни и воени објекти биле цел на напади.

Во израелските напади во Иран загинаа 224 лица, вклучувајќи високи воени офицери, нуклеарни научници и цивили.

Како одговор на Иран на нападите врз Израел, 24 лица беа убиени, соопшти канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израел во понеделник ги предупреди жителите да го напуштат северен Техеран пред нападот врз седиштето на иранската државна телевизија. Во тој напад беа убиени три лица.

ИЗДВОЕНИ