понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ На Трамп денеска му истекува овластувањето за војната со Иран

На Трамп денеска му истекува овластувањето за војната со Иран

Денеска истекува рокот за американскиот закон од ерата на Виетнамската војна со кој се ограничуваат воените активности на претседателот на 60 дена, по што тој мора да побара одобрение од Конгресот за продолжување на конфликтот.

86
EPA/WILL OLIVER

САД и Израел го нападнаа Иран на 28 февруари, а американскиот претседател Доналд Трамп официјално го извести Конгресот 48 часа подоцна, со што истекува рокот што истекува денес, 1 мај.

Некои демократи во Конгресот предупредуваат дека рокот од 60 дена никогаш не требало да се примени бидејќи немало непосредна закана од Иран.

Неименуван американски функционер за Ројтерс изјави дека двонеделното примирје, кое започна на почетокот на април, е воведено токму поради претстојниот рок. „Непријателствата што започнаа во сабота, 28 февруари, се сметаат за завршени“, рече функционерот, објаснувајќи го ставот на администрацијата на Доналд Трамп.

Тој додаде дека од почетокот на кревкото примирје, пред повеќе од три недели, немало размена на оган меѓу вооружените сили на САД и Иран.

Аналитичарите и некои членови на Конгресот претходно изјавија дека очекуваат Трамп да го извести Конгресот за 30-дневното продолжување или едноставно да го игнорира рокот, објаснувајќи дека со примирјето фактички заврши конфликтот.

Но, министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, изјави дека Белата куќа не треба да бара ново одобрение од Конгресот за продолжување на операциите против Иран. Како што изјави, 60-дневниот период предвиден со Законот за воени овластувања е ефикасно суспендиран поради сегашното примирје, што ѝ дава простор на администрацијата да презема понатамошни потези без дополнителни процедури.

Од друга страна, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан остро ја осуди американската поморска блокада на Ормускиот теснец, опишувајќи ја како продолжение на воената агресија против Иран. Техеран ја гледа оваа мерка како директен притисок врз економијата и безбедноста на земјата, со порака дека ваквите потези не придонесуваат за смирување на ситуацијата.

Денеска истекува рокот за американскиот закон од ерата на Виетнамската војна со кој се ограничуваат воените активности на претседателот на 60 дена, по што тој мора да побара одобрение од Конгресот за продолжување на конфликтот. Според Законот за воени овластувања од 1973 година, американските претседатели имаат 60 дена да преземат воена акција како одговор на непосредна закана или напад врз САД без одобрение од Конгресот.

ИЗДВОЕНИ