Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира утрово АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗДВОЕНИ

“ЖУРКАТА“ ЗАВРШИ СО ЛИСИЦИ: Петмина приведени во Галичник, полицијата најде дрога во шаторите

Топло дома, но по која цена? Голема разлика меѓу парното, дрвата, инвертерот и пелетите

Дванаесетгодишниот Јован Кутаноски веќе урива рекорди во триатлон и пливање: Очекувајте да го испливам Охридскиот маратон пред да наполнам 18 години

Проф. д-р Марко КИТЕВСКИ: Песната ја чува татковината, татковината ја чува песната








