Легендарниот кениски маратонец Елиуд Кипчоге уште еднаш покажа дека годините не се пречка за врвни резултати, откако триумфираше на маратонот во Мелбурн со време од 2:09:10 часа. Четириесет и едногодишниот двократен олимписки шампион го имаше својот прв настап на оваа трка, а до победата стигна со силен финиш во последните десет километри.

Кипчоге постави и нов рекорд на патеката, подобрувајќи го претходното најдобро време за две секунди. Второто место му припадна на домашниот натпреварувач Томас До Канто, кој заврши со време од 2:10:35 часа, додека трет беше неговиот сонародник Рис Едвардс со 2:14:33 часа.

За Кипчоге ова е прва победа на маратон по три години, откако последен пат славеше во Берлин во 2023 година. Неговиот настап во Мелбурн е дел од амбициозен проект, преку кој планира да истрча маратони на сите седум континенти во период од две години.

Со новиот триумф, искусниот Кениец потврди дека сè уште може да се натпреварува на највисоко ниво и да испишува нови страници во својата богата кариера.

 

ИЗДВОЕНИ