петок, јуни 5, 2026
Дома СПОРТ Мурињо никого не мрази како што го мрази Хрватот

Мурињо никого не мрази како што го мрази Хрватот

283
epa11945006 Fenerbahce's head coach Jose Mourinho looks on ahead of the UEFA Europa League Round of 16, 1st leg soccer match between Fenerbahce SK and Rangers FC, in Istanbul, Turkey, 06 March 2025. EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Жозе Мурињо е познат како еден од најстрогите и најпребирливите тренери во модерниот фудбал. Тој знае да биде исклучително критичен дури и кон ѕвездите на својот тим, а некои ги казнува на најсуров начин без никаква милост.

Мурињо има и некои необични навики; на пример, сака да води детални белешки за сè што се случува на и надвор од теренот, понекогаш користи психолошки игри за да ги „помести“ противниците и е познат по ритуали како што се детално следење на секој натпревар од клупата или инсистирање на одредени обичаи во соблекувалната.

Не го добил прекарот „Специјален“ за џабе, но Португалецот е некој што играчите и навивачите или го сакаат или го мразат, речиси и да нема средина. Жозе знае како да биде најдобар тренер, но и да создаде вистински пекол за играчите. Од некоја причина, тоа некои ги воздигнува во рајот, други ги уништува.

Ако некој не е во групата на омилени кај Жозе во моментов, тоа е хрватскиот репрезентативец Фрањо Ивановиќ. Португалецот се приклучи на Бенфика ова лето, кога и Хрватот се приклучи, но очигледно не му верува премногу. Од некоја причина, Мурињо постојано го казнува перспективниот 22-годишен напаѓач, или со тоа што го става на погрешни позиции или воопшто не го става во игра!

ТИако беше купен од белгискиот Унион СГ за 22 мил. евра, Ивановиќ често има споредна улога во Лисабон, а Мурињо стои зад сето тоа.

Тој одигра само 19 минути против АФС минатиот викенд, откако претходно седеше на клупата пет натпревари, без можност да го почувствува теренот, а за дуелот со Жил Висенте не беше ниту во комбинација за игра.

На прес-конференцијата пред натпреварот, Жозе Мурињо не спомена никакви физички проблеми на хрватскиот играч.

Најавувајќи го натпреварот, тренерот на Бенфика потврди дека Георгиј Судаков и Брума ќе бидат надвор од теренот поради повреди, но не го спомена хрватскиот играч кој тренира со тимот и беше повикан за натпреварот против Реал (М) пред помалку од седум дена.

Необјасниво е што Жозе му прави на Ивановиќ, кој во Белгија ги кинеше мрежите на своите ривали. Скапо е платен, но на Жозе не му е гајле. Поранешниот напаѓач на Риека и Аугсбург падна во немилост на „специјалниот“ од Сетубал, а поради сето ова, Ивановиќ би можел да го изгуби местото во хрватската репрезентација за Светското првенство на лето.

Познато е дека Златко Далиќ ги избира патниците за Северна Америка врз основа на настапите и моменталните ефекти, а Фрањо не е во можност да покаже многу бидејќи Мурињо го „уништува“…

Фрањо Ивановиќ е централен напаѓач, но Жозе често го туркаше на позицијата лево крило, што дополнително го фрустрираше. Тој одигра девет натпревари за „коцкестите“ и постигна два гола, а во дресот на Бенфика постигна 3 погодоци на 12 натпревари.

 

ИЗДВОЕНИ