петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Трендафилов: Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак!/ФОТОГАЛЕРИЈА

Трендафилов: Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак!/ФОТОГАЛЕРИЈА

558

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во Скопје одржа работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.

ФОТО: П.Стојановски

-Денес огромен број работници беа спречени да дојдат затоа што им се закакануват. Затоа што ги уценуваат по губење на нивните работни места по распоредување и губење на нивната плата. Но без оглед на тоа- Не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и ќе дојдеме пак. Покажавме и дека 21 човек на улица вршат работа да прават нервоза кај газдите. Покажавме дека можеме и многу повеќе. Денес им покажуваме дека можеме и највеќе затоа што без работници нема држава, а нема ниту власт. Продолжуваме пред Собраненито, пред газдите, пред Стопанската комора и завршуваме пред Владата, изјави првиот човек на ССМ, Слободан Трандафилов од ССМ.

 

ИЗДВОЕНИ