Мурал со ликовите на најпознатите Валандовчани – во пресрет на музичкиот фестивал „Валандово фолк-фест 2025“

1377

Валандовчаните се навистина горди самите на себе. Секогаш умеат пријатно да изненадат, особено со својот градоначалник Перо Костадинов, кој успева идеите да ги претвора во реалност. Тој пред некој ден, во убавата киносала во Валандово, при свеченото поставување на мурал со ликовите на истакнати уметници, кои живееле или потекнуваат од градот на калинките, истакна дека „целта на овој уметнички израз е да го збогати просторот и да се оддаде признание на личностите кои оставиле траен белег врз културниот развој на локалната заедница и пошироко, а меѓу нив ги има и оние кои дале важен придонес за развојот на познатиот Валандовски фестивал и вон границите на Македонија“.

На муралот се ликовите на: пејачот и композитор Јанко Узунов, на Леонид Манчев, организатор и директор на „Валандово фолк-фест“, потоа на Мирко Попов, автор и продуцент на електронска музика, на Ѓоко Дончев фолк-пејач и учесник на фолк-фестивалот и Костадин Танчев-Динка графички дизајнер и сликар.

Автор на муралот а, кој привлекува големо внимание не само кај самите жители на Валандово, туку и од околните места е еден од најзначајните современи македонски уметници Костадин Танчев-Динка. Изработен во сјајната соработка со професорот по ликовна уметност Радомир Кнежевиќ. Муралот ќе можат да го видат и сите учесници-музичари и пејачи, сосе акредитираните новинари, на предстојното овогодишно издание на „Валандово фолк-фест“, кој ќе се одржи на 23, 24 и 25 мај.                    (Д.М.) фото: ФБ

 

ИЗДВОЕНИ