петок, јуни 5, 2026
Дома СКОПСКА Мурал или скулптура и графити за секое маало

Мурал или скулптура и графити за секое маало

75

Општина Карпош објави јавен оглас за „мурал или скулптура и графити за секое маало“. Право на пријавување имаат сите правни и физички лица што придонесуваат со своите програми и активности за развој на културата во Општината. Вкупната предвидена финансиска рамка што е обезбедена од Општината за „мурал или скулптура и графити за секое маало“ е во висина од 1.000.000,00 денари.

Подносителите за изработка на муралите, скулптурите и на графитите треба да поднесат изработен проект со идејно решение за изгледот, предлог-содржината, материјалите за изработка, квадратурата и цената.

Огласот трае до 30.4.206 година, со услов одобрените средства да бидат реализирани најдоцна до 30.11.2026 година.

Условите, начинот, критериумите и постапката за распределување на финансиската поддршка ќе се уредат со претходно изготвен правилник за оваа намена. Некомплетните документи нема да бидат разгледани.

ИЗДВОЕНИ