Мултимилионска „ламборгини“ јахта потона кај Мајами Бич: Сите 32 патници се спасени/ВИДЕО

89

Триесет и две лица беа спасени кога јахта „ламборгини“ почна да тоне во близина на Мајами Бич, Флорида, во текот на викендот, соопшти американската крајбрежна стража.

Во соопштението се вели дека 19-метарската јахта испловила од островот Монумент во Флорида во саботата, а спасените патници биле однесени во пристаништето во Мајами Бич, пренесе АП.

Властите објавија дека сѐ уште не е позната причината за потонувањето на јахтата, додека на социјалните мрежи се наведува дека потонувањето било предизвикано од пренатрупаност на луѓе.

ИЗДВОЕНИ