Структурните реформи во пазарот на трудот, човечкиот капитал, деловното окружување и доброто управување имаат потенцијал да го зголемат БДП на Македонија за околу 14 %, доколку се затвори половина од јазот во однос на водечките економии од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Ова го истакна гувернерот на Народната банка Трајко Славески на меѓународната конференција во Кишињев, Молдавија, при што говорејќи на панелот „Интеграција во единствениот пазар и структурна конвергенција“, оцени дека реалната конвергенција на земјите од Западен Балкан е бавна и оти структурните реформи се клучни за зголемување на потенцијалот за раст и побрзо приближување кон ЕУ.

Тој посочи дека макроекономската стабилност претставува основа за развој, додека трговската отвореност и интеграцијата во европските и глобалните синџири на вредност значително го промениле економскиот профил на земјата. Во 2025 година, трговската отвореност достигнала околу 130 % од БДП. Како приоритети ги издвојува институционалните реформи, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и поголемата предвидливост. Според него, подлабоката интеграција во Единствениот пазар на ЕУ може дополнително да го забрза процесот.

Славески ја посочи и членството во СЕПА, нагласувајќи дека трошоците за прекугранични плаќања значително се намалиле, со проценети заштеди од околу пет милиони евра во првата година.

 

ИЗДВОЕНИ