недела, август 2, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Можна енергетска криза во Унгарија поради падот на нивото на водата во...

Можна енергетска криза во Унгарија поради падот на нивото на водата во Дунав и прекинот на работата на електраната „Пакш“

0
PENTAX DIGITAL CAMERA

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека земјата се соочува со пет од најкритичните денови, откако рекордната суша ја принуди Будимпешта да ја затвори нуклеарната централа што произведува 40 проценти од својата електрична енергија.

Во видео обраќање, Маѓар рече дека енергетскиот систем на Унгарија е под огромен притисок, објавува бриселскиот портал „Политико“.

Унгарскиот премиер претходно објави дека последните активни реакторски единици во нуклеарната централа „Пакш“, јужно од Будимпешта, ќе бидат затворени поради ниските нивоа на водата во Дунав, кои електраната ги користи за ладење.

„Поради понатамошниот пад на нивото на водата во Дунав, електраната „Пакш“ ќе биде целосно затворена за прв пат по 44 години“, објави вчера Маѓар.

Централата „Пакш“ од советската ера останува ‘рбетот на енергетскиот систем на Унгарија, а падот и губењето на производството предизвикаа национални мерки за заштеда на енергија и понуди за помош од соседните земји.

Продолжениот прекин би го парализирал системот за испорака на електрична енергија на Унгарија, при што се предвидува дека температурите ќе достигнат 40 степени Целзиусови во наредните денови поради топлотен бран.
Маѓар предупреди дека затворањето може да предизвика вонредна состојба поради високата летна потрошувачка.

„Енергетска криза може да се појави од понеделник. Ќе бидат потребни координирани дејствија и воздржаност за да се избегнат потешки последици“, рече тој.

Владата ги повика домаќинствата и бизнисите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија во шпицот, помеѓу 17:00 и 22:00 часот, повикувајќи ги граѓаните да ја ограничат употребата на клима уреди и машини за перење.

Властите, исто така, подготвија план за непредвидени ситуации кој предвидува привремени, наизменични ограничувања на потрошувачката во индустриските постројки, а истовремено да го зголемат производството во другите електрани, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ