Силен земјотрес го погоди Тибет, десетици загинати, се трага по преживеаните под урнатините/ВИДЕО

20
EPA-EFE/XINHUA

Најмалку 53 лица загинаа, а 62 се повредени во силен земјотрес што во вторникот наутро го погоди планинскиот регион на Тибет во Кина.

Земјотресот што го погоди тибетскиот свет град Шигатсе околу 09:00 часот по локално време (01:00 часот по Гринич) бил со јачина од 7,1 степени и длабочина од 10 километри, според Геолошкиот институт на САД, кој исто така покажал серија последователни потреси во областа.

Потресите беа почувствувани и во соседен Непал и делови од Индија. Нема извештаи за жртви или материјална штета во Непал.

Имаше и неколку силни последователни потреси. Џианг Хаикун, истражувач во Кинескиот мрежен центар за земјотреси, изјави за CCTV, кинеската национална телевизија, дека иако може да се случи уште еден земјотрес со јачина од 5 степени, „веројатноста за посилен земјотрес е мала“.

Кинеските воздухопловни сили испратија и дронови на помош. Температурите во погодената област, лоцирана во подножјето на Монт Еверест, се далеку под нулата. Регионот моментално нема ниту струја ниту вода.

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на дополнително интензивирање на спасувачките операции со цел колку што е можно да се намали бројот на жртвите, јавува Би-Би-Си.

На социјалните мрежи се шират снимки од моментот на земјотресот.

ИЗДВОЕНИ