сабота, октомври 10, 2026
Дома СВЕТ Моќен ураган од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег

Моќен ураган од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег

0

Моќниот ураган „Сајмон“ од 4-та категорија брзо се движи кон мексиканскиот брег.

Националниот центар за урагани во Мајами утрово соопшти дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час.

Според соопштението на центарот, „Сајмон“ би можел да донесе меѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а во некои области и до 76 сантиметри.

Властите ги повикуваат жителите да се подготват.

Метеоролозите предупредија на поплави и лизгање на земјиштето кои претставуваат опасност по животот.

Сојузната држава Халиско најави прекин на наставата за понеделник и започна со евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ