
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, денес во писмо до иранскиот народ објасни дека се согласил со меморандумот за разбирање склучен меѓу Иран и САД, наведувајќи дека првично имал резерви во врска со договорот, објавија иранските медиуми на социјалните мрежи.
Хамнеи рече дека Техеран нема да прифати никакви барања од Вашингтон што ги смета за претерани.
Иранскиот лидер нагласи дека идните директни преговори со САД, сепак, нема автоматски да подразбираат придржување кон американските позиции.
Хамнеи изрази надеж за успех на тековниот процес и дека тој ќе донесе „победи и успеси“ за иранската нација.
На првиот ден од воздушните напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, таткото на иранскиот лидер Али Хамнеи беше убиен додека претрпе сериозни повреди и оттогаш не се појави во јавноста, пренесе „Бета“.











