Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека Европската Унија сè уште не е подготвена да разгледа укинување на санкциите врз Иран.
Сепак, Калас додава дека прашањето може да се постави, но ЕУ има свои услови.
Главен услов е да се постигне нуклеарен договор.
„Кога условите ќе дозволат, секако, земјите-членки ќе разговараат дали укинување на санкциите е соодветно, но сè уште не сме таму“, рече Калас.
Таа изјави дека евентуалниот нуклеарен договор со Иран би можел да го отвори патот за разгледување на санкции, но дека во моментов таквите одлуки не се на маса.
Изјавата доаѓа пред состанокот на лидерите на Европската унија, каде што се очекува да се разговара за прашања од надворешната политика и безбедноста.












