Односите меѓу Израел и Европската Унија се влошија уште повеќе откако израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар ја обвини високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Калас дека „дејствува опсесивно и со очигледна неправда“ кон Израел.
Сар рече дека ги прекинува сите контакти со Калас сè додека таа не ги повлече, како што рече, „клеветите“ против Израел, вклучително и обвинувањата за „апартхејд“ што ѝ ги припишува европскиот медиум Euractiv.
Тој оцени дека ЕУ не реагира соодветно на безбедносните предизвици на Израел, додека Калас одби да коментира за наводните изјави од затворени состаноци, нагласувајќи дека нема да навлегува во она што е кажано зад затворени врати.
Калас рече дека има „отворени и искрени разговори“ со израелски претставници, но призна несогласувања, особено во врска со израелските населби и насилството на доселениците на Западниот Брег.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека не се согласува со употребата на таков речник и најави дека прашањето ќе се дискутира на состанок на лидерите на ЕУ во Брисел.












