петок, септември 25, 2026
Дома СВЕТ Многумина ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху: Израелски претставник...

Многумина ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху: Израелски претставник запишуваше кои делегации ги нема/ВИДЕО

0
Screenshot: X

Бројни делегации ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН за време на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. На снимките направени за време на обраќањето се гледа како израелски дипломат минува покрај празни седишта и забележува кои делегации се отсутни.

Уште пред говорот се очекуваше дека овој аспект ќе привлече внимание. Израелскиот весник „Џерусалем пост“ објави дека, покрај содржината на обраќањето на Нетанјаху, посебен акцент ќе биде ставен на случувањата во салата и на тоа кои делегации останале присутни додека тој зборувал.

Нетанјаху ги нарече „морални кукавици“

Нетанјаху реагираше на заминувањето на делегатите уште на самиот почеток на својот говор. Тој оние што ја напуштија салата ги нарече „морални кукавици“ и ги повика и другите, кои не сакаат да го слушнат неговото обраќање, исто така да си заминат.

Масовното напуштање на салата претставуваше протест против војната на Израел во Газа и политиките на израелската влада кон Палестинците. Нетанјаху го продолжи говорот пред значително попразна сала, додека еден член на израелската делегација бележеше кои делегации повеќе не се на своите места.

ИЗДВОЕНИ