сабота, јуни 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на...

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

33

Војната на Блискиот Исток има далекусежни последици за енергијата, трговијата, глобалните синџири на снабдување и за финансиските пазари и претставува значителен товар за глобалната економија, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во објава на блог, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови.

Нарушувањето на снабдувањето со енергија е особено сериозно, се додава во објавата.

„Војната исто така ги преобликува синџирите на снабдување за неенергетски и критични суровини“, напиша ММФ. Пренасочувањето на танкерите и на контејнерските бродови ги зголемува трошоците за превоз и осигурување и ги продолжува роковите за испорака.

Откажувањето на летовите во главните центри во Заливот влијае на глобалниот туризам и ја компликува трговијата. Земјите, компаниите и потрошувачите веќе ги чувствуваат ефектите од овие проблеми во синџирот на снабдување.

„Со нарушените пратки на ѓубрива – од кои околу една третина поминуваат низ Хормускиот Проток – загриженоста за цените на храната расте“, се вели во објавата. Резултатот е повисоки цени на ѓубривата и на другите меѓупроизводи.

По американските и израелските напади врз Иран кои почнаа на 28 февруари, Техеран одговори со напади врз Израел и врз американските сојузници во Заливот. Иранските сили, исто така, ефективно го запреа најголемиот дел од сообраќајот низ Хормускиот Проток, клучна поморска линија за глобалното снабдување со енергија.

Генерално, ММФ предупредува на пораст на инфлацијата во светот и послаб економски пораст. Колку ќе биде силно влијанието зависи од траењето, проширувањето и од деструктивната сила на конфликтот. Но, едно е веќе јасно, велат тие: економските ризици се зголемуваат

ИЗДВОЕНИ