вторник, септември 22, 2026
Дома РАЗНО Младо момче загина во сообраќајна несреќа на патот од Радишани кон Побожје 

Младо момче загина во сообраќајна несреќа на патот од Радишани кон Побожје 

271

Попладнево на патот Радишани Побожје во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил мотоциклист. Според првичните информации, момчето – мотоциклист, кое починало на лице место, било на возраст од 21 година.

Во несреќата учествувале патничко возило и мотоцикл, а полицијата врши увид на местото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска, 7 август 2026 година, во 12:12 часот во СВР Скопје. Станува збор за судир на автомобил „Алфа Ромео“ со италијански регистарски ознаки, управуван од 46 годишен маж, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19 годишниот Н.М. од скопското подрачје.

Полицијата сè уште врши увид на местото на сообраќајката, а поради интервенцијата на надлежните служби сообраќајот во овој дел од Скопје се одвива отежнато.

Дополнителни информации за околностите под кои дошло до судирот се очекуваат по завршувањето на увидот.

ИЗДВОЕНИ