вторник, септември 22, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Момче од Македонија се здобило со тешки повреди во Кушадаси – со...

Момче од Македонија се здобило со тешки повреди во Кушадаси – со владиниот авион ќе биде транспортирано во Скопје

117

Момче од Македонија родено 1998 година во Кушадаси се здобило со тешки повреди на вратни пршлени по пад од тобоган.

Тој е опериран и е во стабилна состојба.

По барање на неговите родители, а со одобрение од Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство, денеска за Турција ќе полета владиниот авион со лекари од Клиничкиот центар.

Од Министерството за здравство информираат дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување веднаш побарале од Службата за општи и заеднички работи да се обезбеди владин авион за негов транспорт.

-Транспортот е одобрен и повреденото момче утре ќе биде донесено во земјава со тим лекари од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) – наведуваат од Министерството.

ИЗДВОЕНИ