петок, август 7, 2026
Дома СКОПСКА Храбри минувачи спасија жена од водите на Вардар кај Камениот мост

Храбри минувачи спасија жена од водите на Вардар кај Камениот мост

30

Со навремена и храбра реакција, двајца случајни минувачи вчера успеаја да спасат жена од водите на реката Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје.

Жената, на возраст од околу 50 години, била извлечена од реката благодарение на двајца граѓани од Чаир, кои без двоумење скокнале во Вардар и успеале да ја извлечат на безбедно.

Набрзо на местото пристигнале две екипи на интервентната полиција, една екипа на „Алфа“ и екипа на Итната медицинска помош, кои ја презеле жената.

Таа била пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била укажана лекарска помош.

Благодарение на присебноста и несебичноста на двајцата случајни минувачи, спасувачката акција завршила успешно.

ИЗДВОЕНИ