Еден минувал пронашол триесетина човечкиз заби на тротоар во германскиот град Хесе, а почијата отпочна истрага по повод случајот, пренесе денеска германски „Шпигел“.
Како што се наведува, полицијата апелирала до граѓаните да им помогне во истрагата. Човекот кој ги пронашол човечките заби ја контактирал полицијата која на местото на инцидентот веднаш упатила патрола.
Припадниците на полицијата пронашле вклуно 35 заби, од кои повеќето биле цели, а некои во делови. Не е познато зошто се забите оставени таму, а како што наведе полицијата, околностите на случајот се засега целосно нејасни. Припаднците на полицијата ја истражиле околната забна ординација, но таму не е откриена никаква трага.