Мировните преговори меѓу САД, Русија и Украина се на пауза поради војната со Иран, објави весникот „Известија“ во четвртокот, повикувајќи се на руски претставници.
Весникот известува дека Кремљ ја потврдил паузата и дека војната со Иран би можела да го поттикне Киев кон компромис.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседателски претставник, Кирил Дмитриев, ќе продолжи да работи на инвестициите и на економската соработка, но дека трилатералните преговори се на пауза.
– Кирил Дмитриев продолжува со својата работа. Трилатералната група е на пауза – ги пренесува „Известија“ зборовите на Песков.












