петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Минатата недела франци, оваа летале долари од балкон во Битола

Минатата недела франци, оваа летале долари од балкон во Битола

Измамниците не спијат, овој пат жртва на измамите со сообраќајки е битолчанка

4716

Уште една измама со лажна сообраќајка, овој пат од битолчанка изнудени биле 1.000 американски долари, евра и 20.000 денари. Најверојатно жената е жртва на истата криминална група бидејќи и таа исто како и тетовката, која беше измамена минатата недела, ги фрлила спакуваните пари од балкон.

„На 25.08.2025 во 19:30 часот во СВР Битола, 88-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 1000 американски долари, евра и 20.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син со сопругата предизвикал сообраќајна несреќа, при што се здобиле со тешки телесни повреди и притоа прегазиле осумгодишно дете и дека треба да плати за да не биде пријавен во полиција од страна на семејството на детето. Како што е пријавено, таа парите ги фрлила од балкон на едно лице, а подоцна дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од полицијата.

ИЗДВОЕНИ