недела, август 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Нема да се кандидирам на претседателските избори 2029 година, се враќам...

Мицкоски: Нема да се кандидирам на претседателските избори 2029 година, се враќам на факултет

329

Нама да се кандидирам на претседателски избори во 2029 година, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски. За време на престојот во скопската општина Кисела Вода тој, одговарајќи на новинарски прашања врзани за носењето на Изборниот законик, рече дека планира враќање во својата матична установа Машински факултет.

Тој ова го кажа за да ги демантира гласините кои што, според него, се пуштале од таборот на опозициската партија Левица дека сакал да се кандидира за претседател на државата. Односно, дека поради таквата наводна желба сака во Изборниот законик да овозможи електронско гласање на дијаспората.

-Еве да им олеснам бидејќи гледам дека во јавноста шпекулираат со тоа дека јас сум предложил дијаспората да биде вклучена во гласањето, што е природно на електронски начин од следните претседателски избори 2029 година, па јас ќе сум се кандидирал, па затоа тоа сум го предложил, еве да им олеснам, нема да се кандидирам. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата се враќам на факултет меѓу студентите. Еве да им олесни, да не се грижат, нема да се кандидирам за претседател на државата. Немам таква амбиција, ниту желба, само нека овозможат на дијаспората да го оствари своето право на електронски начин почнувајќи од следните претседателски избори. Зборувам за сите глумци и политички партии кои едно зборуваат зад завеса, а друго прават пред завеса – рече Мицкоски.

(Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ