недела, јули 5, 2026
Дома МАГАЗИН Метеоролозите со предупредувачка прогноза за Европа: Летото ќе донесе рекордна топлина на...

Метеоролозите со предупредувачка прогноза за Европа: Летото ќе донесе рекордна топлина на стариот континент

512

Метеоролозите велат дека развојот на силен, таканаречен супер Ел Нињо би можел да влијае и на ова лето, и да има уште поизразени последици во текот на 2026 и 2027 година. Климатологот Даниел Свејн од Калифорнискиот институт за водни ресурси проценува дека обете години би можеле да донесат глобални рекорди на температурата, објави „Еуроњуз“.

Супер Ел Нињо означува особено силно затоплување на површината на Тихиот Океан, што ги нарушува временските обрасци на неколку континенти. Последиците од таков феномен можат да бидат посилни топлотни бранови, суши, обилни врнежи од дожд и поплави. Во текстот се наведува и дека почвите во Германија се веќе исушени.

Според податоците од Светската метеоролошка организација, претходниот Ел Нињо е регистриран во 2023 и 2024 година, и придонел 2024 година да биде најтопла година од почетокот на мерењата.

Климатологот Тидо Семлер од Ирската метеоролошка служба предупреди дека последиците од следната фаза би можеле да бидат уште посилни во 2027 година, бидејќи, како што објасни, на Земјината атмосфера ѝ е потребно време да реагира на Ел Нињо.

Експертите за пожари, исто така, предупредуваат на зголемен ризик. Тие истакнуваат дека Ел Нињо ја зголемува веројатноста за екстремна топлина и суша во Австралија, Канада, САД и амазонската дождовна шума.

Метеорологот и специјалист за клима Џеф Берардели изјави за американската WFLA-TV дека мисли дека ќе доживееме временски настани какви што не сме виделе во модерната историја.

Метеоролошката служба Severe Weather Europe наведува дека на крајот од овој месец, Европа ќе доживее ненадејна промена на времето кога ќе се развие силна термичка купола што ќе „заробува“ топол воздух и ќе донесе екстремно високи температури.

ИЗДВОЕНИ