понеделник, ноември 9, 2026
Дома СКОПСКА Метална конструкција и заштитна мрежа на спортското игралиште во училиштето „Вера Циривири-Трена“

Метална конструкција и заштитна мрежа на спортското игралиште во училиштето „Вера Циривири-Трена“

1

Спортско игралиште во основното училиште „Вера Циривири Трена“ во населбата Карпош 2 доби нова метална конструкција и заштитна мрежа, а дополнително беа зацврстени и головите.

– Со оваа интервенција се подобруваат условите за безбедно спортување и рекреација на учениците, но и на младите жители од населбата Карпош 2 – информираат од Општина Карпош.

Оттаму додаваат дека континуирано се вложува во обновувањето на постојната и во изградбата на нова спортска инфраструктура, со што се поттикнуваат здравите навики и активниот живот кај сите генерации.

– Повеќе спорт, подобри услови и побезбедни игралишта за сите – потенцираат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ