Во септември, во однос на август, нема инфлација, односно трошоците за живот останале непроменети, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, сепак, трошоците за живот се зголемени за 2,7 отсто, додека храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 1,7 отсто.
Најголем годишен раст е забележан кај алкохолните пијалаци и кај тутунот од 6,5 отсто, рекреацијата и културата од 6,3 отсто, како и рестораните и услугите за сместување од 5,8 отсто.
Иако месечната инфлација е нула, дел од трошоците во септември пораснале, а дел се намалиле. Најголемо намалување има кај рекреацијата, спортот и културата од 3,7 отсто и кај транспортот од 3,4 отсто.
Од друга страна, најголем раст од 1,3 отсто е забележан кај покуќнината, опремата и одржувањето на домаќинствата, додека храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,5 отсто.












