четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Мерц: ЕУ е подготвена постепено да ги ублажи санкциите врз Иран доколку...

Мерц: ЕУ е подготвена постепено да ги ублажи санкциите врз Иран доколку постигнеме компромис

73
Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Европската Унија е подготвена постепено да ги ублажи санкциите врз Иран доколку се постигне „сеопфатен договор“.

„Тоа може да биде дел од процесот. Ниту една од земјите (на ЕУ) не се спротивстави на тоа. Така да се каже, тоа е дел од придонесот што можеме да го дадеме за да го унапредиме овој процес и да доведеме до траен мир“, изјави Мерц пред новинарите на маргините на самитот на лидерите на Европската Унија, објави „Ројтерс“.

Тој оцени дека стратегијата на Иран е да купи време. „Доколку Иран е подготвен за компромис, ние сме подготвени и да ги ублажиме санкциите“, рече Мерц.

Тој додаде дека ЕУ ќе продолжи да го зголемува притисокот врз Русија поради војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ