Бундеслигашот Мелсунген и официјално го претстави своето ново засилување за наредната сезона, шпанскиот репрезентативец Даниел Душебаев. Левиот бек ќе му се приклучи на бундеслигашот во текот на летото, откако, како слободен играч, ќе го напушти полскиот гигант Киелце. Тој потпиша договор со новиот клуб, со важност од три години.

Во својата кариера, тој бележи значајни успеси на клупско ниво. Со Киелце освои бројни шампионски титули во Полска и имаше одлични настапи на куп- натпреварувањата, а двапати стигна и до финалето на Лигата на шампионите во ракомет. Кога беше позајмен во Цеље, триумфираше во шампионатот и во Купот на Словенија.

На репрезентативен план, како дел од селекцијата на Шпанија, тој двапати ја освои европската титула, има бронзен медал од Светското првенство, како и бронза од Летните олимписки игри во 2024 година. Претходно беше објавено и дека неговиот брат, Алекс Душебаев, од следната сезона, исто така, ќе настапува во германскиот шампионат.

ИЗДВОЕНИ