Италијанската премиерка, Џорџа Мелони му рече на американскиот претседател, Доналд Трамп дека неговите постојани, напади се бесмислени, додавајќи дека пријателството со него сигурно не ѝ помогнало на популарноста во Италија.
Во објава на Инстаграм, Мелони одговори на најновите објави на Трамп во кои ја критикуваше дека не сака да им помогне на САД да го спречат Иран да изгради нуклеарно оружје и ги повтори тврдењата дека го замолила за фотографија со неа на самитот на Г7 во Евијан.
„Што се однесува до мојата популарност, тоа што сум ти пријател сигурно не ми помогна, ниту пак зависи од мојот однос со тебе. Мојата популарност зависи од мојата способност да ги бранам националните интереси на Италија, и токму тоа сум го правела отсекогаш“, рече Мелони.
„Токму тоа го правев во врска со американските воени бази во Италија. Нивната употреба е регулирана со договори што отсекогаш сме ги почитувале и кои нема да бидат прекршени додека сум премиер. Италија останува суверена нација“, нагласи таа.












