Ракометниот клуб Вардар ја информираше јавноста дека почна продажбата на билетите за големото градско дерби против Алкалоид, кое е закажано за денеска, со почеток во 18:30 часот.

Натпреварот ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, а билетите се продаваат онлајн преку платформата VTICKETS по единствена цена од 300 денари.

Седењето во салата нема да биде нумерирано, па навивачите ќе можат да изберат блок од кој ќе го следат дуелот. За најверните поддржувачи на Вардар, популарните „Комити“, предвиден е блокот 1, додека гостинските навивачи ќе бидат сместени во блокот 15.

Сопствениците на сезонски билети ќе имаат резервирани места во централните блокови 3 и 13, но ќе можат да го следат натпреварот и од другите делови на салата. Овие два блока нема да бидат достапни за купувачите на поединечни билети.

ИЗДВОЕНИ